Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени.
Во Скопје, слично време, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до осум степени.
Од петок и особено за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.