Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.