Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Попладне и во вечерните часови, особено во западните и северните делови, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер до над 70 километри на час и појава на град.