Утре и во наредните денови ќе преовладува сончево време со малку постудени утра, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено ќе биде в четврток со утринска температура од минус еден степен до девет Целсиусови степени.
Дневните температури ќе се движат од 18 до 26 Целсиусови степени.