Претпладне времето ќе биде сончево и топло, во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 28 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени.