По настанот во Охрид кога фолклорна група развеа албанско знаме на Самоиловата тврдина, а откако вицепремиерот Бујар Османи изјави дека знамето на Албанија може да се постави било каде, а за тоа нема да има последици, од Владата велат дека законот мора да се почитува.
-Во однос на Законот за употреба на знамињата, одредбите се јасни. Се што е утврдено во законот, треба да го почитуваат сите. Во однос на настанот во Охрид, таму имаме судска одлука, а Владата не коментира судски одлуки. Но, бидејќи, судската одлука е таква, каква што е, очигледно е дека има некои прекршувања на законот- вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Од Владата велат дека според судската одлука, очигледно е прекршување на законот.
-Очигледно дека секое прекршување на Законот за употреба на знамињата, ќе биде санкционирано. Онаму каде е дозвлоено, е дозволено, без разлика за кои знамиња станува збор- вели Бошњаковски.