Протестот против владината одлука за целосна онлајн настава се презакажува од 28 за на 31 август поради празникот Голема Богородица, соопшти Сојузот на средношколците.
– Протестираме против одлуката за целосна онлајн настава. Се залагаме за комбиниран модел, каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Рутата на протестот останува иста – започнуваме пред МОН, а протестот завршува пред Владата. Имајќи го предвид големиот христијански празник Голема Богородица, Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека протестот е одложен за понеделник, 31 август. Бараме разбирање од јавноста со оглед на важноста на празникот – соопшти Сојузот кој е организатор на протестот.
Одлуката за протест беше донесена откако барањето на средношколците за комбиниран модел на настава не беше прифатено на средбата со владините претставници одржана во саботата.