Министерството за здравство информира дека денеска почна поставувањето на контејнерите за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија.
Овој објект се поставува на просторот помеѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.
Целосната монтажа треба да заврши до 30 јули, а кон средината на месец август и објектот да биде подготвен.
Во монтажниот оддел ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети за спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти.