Писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски, почина на 73-годишна возраст по кратко боледување. Неговиот погреб се одржа денеска на градските гробишта Бутел во присуство на семејството.
Данило Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, а работел и како универзитетски професор по новинарство.
Коцевски објави триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени. Познат е и како хроничар на градот Скопје. Коцевски беше автор на серијалот текстови „Скопски легенди“ во „Нова Македонија“, во кои беа објавени бројни приказни поврзани со историјата на Скопје.
Тој е добитник на престижни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии.