Одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста ќе започне денеска попладне со почесна артилериска стрелба од касарната „Илинден“ во Скопје. Во 18 часот ќе бидат истрелани 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.
Во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија
По повод одбележувањето 28 години од независноста на државата утре ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.
Под мотото „Боите на независноста“ кај Школка во Градскиот парк со почеток во 11 часот ќе се одржи прослава организирана од страна на Владата.