Агенцијата за храна и вeтеринарство информираше дека од употреба се повлечени креми за готвење и бази за сладоледи поради како што велат од таму присуство на етилен оксид.
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство постапи по добиената нотификација со број 2021.3720 за увоз на небезбедни производи во земјава и спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови за готвење и бази за сладоледи од Струга и Струмица, соопшти Агенцијата.
– При инспекциската контрола кај опереатиорот со храна Гајрет ДООЕЛ од село Лабуништа, утврдено е дека увезениот производ од Италија, (крем за готвење) BRAVO CREAM CUSIMA MK L 0,2X24, со лот број 21089, посочен во РАССФ нотификацијата, не е безбеден за консумација поради утврдено присуство на етилен оксид. Во магацинот на увозникот затекната е количина од 1.440 парчиња од овој производ со лот 21169 со рок на употреба 13.6.2022 година, а не е пронајден истиот производ со лот број 21089 наведен во нотификацијата. На овој оператор со храна наложено му е да изврши отповикување/повлекување од пазарот на посочените производи – стои во соопштението од оваа институција.
Агенцијата апелира до потрошувачите доколку го набавиле небезбедниот производ со наведениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да не го консумираат, односно да го вратат од таму од каде што го купиле или нештетно да го отстранат.
– Врз основа на истата РАССФ нотификација, инспекциска контрола спроведена е и кај операторот со храна ДПТУ Агрома од Струмица кому поради утврдено присуство на етилен оксид во неколку производи увезени од Италија, наредено му е да изврши отпповикување/повлекување на производите наведени во нотификацијата. Со контролата утврдено е дека производите биле делумно продадени на познати оператори, а делумно се складирани во магацин во Скопје (AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед -120 килограми и AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО – база за сладолед 63 килограми) – соопшти Агенцијата.
Според нив, отповикувањето/повлекувањето за овој оператор се однесува на следниве производи:
1.AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед; Сериски број/лот 21140; Датум на производство 20.05.2021; Датум на употреба 4.5.2024
2. AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО – база за сладолед; Сериски број/лот 21088; Датум на производство 29.03.2021; Датум на употреба 13.3.2024
3. AV23AA МАСТЕР ГОУРМЕТ ГОЛД – растителен крем; Сериски број/лот 21070; Датум на производство 11.03.2021; Датум на употреба 6.3.2022
4. AV20IQ МАСТЕР ГОУРМЕТ-ШЕФ; Сериски број/лот 21084 и 21089; Сериски број/лот 21084; Датум на производство 25.3.2021; Датум на употреба 20.3.2022; Сериски број/лот 21089: Датум на производство 3.3.2021; Датум на употреба 25.03.2022