Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на свечен ручек што го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓаконот и првомаченик Свети Стефан.

На божикниот ручек, кој традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот, присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Оливер Спасовски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, Пендаровски на средбата порачал дека празничната топлина треба да инспирира за споделување мир, љубов и разбирање во текот на целата година.

– Да се насочиме кон она што нè обединува, а не она што нè разликува и сите заедно да придонесуваме кон градењето заедништво, солидарност, меѓусебно почитување и напредок на општеството – истакнал македонскиот претседател.