Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата на Италија и Светaтa Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска во базиликата „Сан Клементе“ положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.
Претходно, Пендаровски имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, а се сретна и со државниот секретар на Светaтa Столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Пендаровски, заедно со бугарскиот колега Румен Радев, ја посетија базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички оддадоа почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.