Нотарите утре активно ќе се вклучат во одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда преку организирање на отворен ден во сите нотарски канцеларии на теријаторија на Република Македонија

Нотарските канцеларии утре ќе бидат отворени за граѓаните во текот на цело работно време како би можеле одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат во постапка пред нотарите, како и други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата.

Нотаријатот во Република Македонија како важен сегмент во правниот систем на државата и во иднина ќе ги поддржува ваквите активности со цел обезбедување поширок пристап до правдата на граѓаните и пошироката јавност.