Нашата позиција е принципиелна и многу земји-членки ја поддржуваат. Бугарија има право на вето, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“ и истакна дека одлуките за проширување се носат со консензус.
Во оснос на ставот на новиот премиер Петков, Османи вели дека е спорна временската рамка.
– Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период нас не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Таквиот пристап требаше да биде одамна. Првата меѓувладина конференција не е ништо поразлична од останатите. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво – рече Османи.