Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено во јужните и истичните делови, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет, а дневната од нула до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во недела врнежите од дожд ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекува во вторник.