Новоизбраните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево во Собранието на Република Македонија дадоа свечена изјава.
Тие беа избрани претходно на пленарна седница со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас против.
Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши.
Новите антикорупционери имаат мандат од пет години, а согласно новите овластувања ќе го следат и претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.