Oколу два часа се чека денеска на грчко-македонската граница, на граничниот премин Евзони за излез од Грција.
На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција.
За разлика од Евзони, на македонскиот дел од границата, на граничниот премин Богородица, нема подолго чекање.
Сепак, интензитетот на сообраќајот е зголемен особено на автопатот Е-75 кој води кон српската граница. На патарините засега нема подолго задржување, но според бројот на возилата кои сообраќаат, можно е формирање колони во вечерните часови.