Голем број граѓани одлучија продолжениот викенд да го поминат во Грција, поради што вчера и денеска се создаде гужва на граничниот премин „Богородица“.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути.
На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.