Најмногу снег утрово има во Ѓуриште – 17 сантиметри и Крушево-15.
Снежна покривка има и во Тополчани, Маврови Анови, Претор, Попова Шапка, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Пожаране, Дебар и Демир Капија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде облачно и студено, на пониските места со мешани врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег.
Од вечерните часови врнежите ќе бидат претежно од снег.
До крајот на денот во поголемиот дел од земјата ќе се формира снежна покривка, позначителна во западните делови. Воздушниот притисок до вечерните часови значително ќе опадне. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2). До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има во западните и североисточните делови. Снежна покривка до 5 сантиметри ќе се формира и во Скопската Котлина.