Министерот за здравство, Венко Филипче, бил дел од тимот кој утрово извршил операција врз 34-годишна пациентка која имала проблем со одењето.
Тој сподели дека операцијата поминала успешно, а пациентката се чувствува одлично.
– Утрово успешно извршивме операција врз 34 годишна пациентка. Таа имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и предизвикувал проблем со одењето. Пациентката се чуствува одлично после операцијата, и посакувам брзо заздравување – напиша министерот на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од зафатот.