Зоран Ангеловски треба да биде именуван за директор на Оперативно техничката агенција ОТА, потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на општина Велес.
– Пред неколку дена најавив дека има постигнато согласност. Денеска треба да има седница на Комисија за избори и именувања во Собранието на Република Македонија и доколку се одржи не гледам причина да биде именуван директорот на ОТА. Со тоа би се направил најзначајниот чекор за фунционирање на оваа агенција – рече Спасовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Велес.