Почнати се подготовките за воведување регистар за малигни заболувања, за населението и во болнички услови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Изјавата следеше како одговор на новинарско прашање, по отворањето на стручниот симпозиум на тема „Вродени аномалии – предизвици, дилеми и третман“ во организација на Македонското лекарско друштво.

Тој изрази надеж дека на есен ќе имаат доволно податоци за да преземат конкретни чекори.