Домаќините на неформалниот самит за Западен Балкан, германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, пред почетокот на состанокот истакнаа дека оваа средба не е посветена на процесот на проширување, туку на соработката и решавањето на билатералните спорови во регионот.
Во овој контекст, тие го посочија македонско-грчкиот пример, истакнувајќи дека преспанскиот договор е доказ оти со политичка волја можно е да се надминат споровите.
– Видовме храбри чекори за спорот за името на Македонија – рече Меркел, додека Макрон истакна дека препанскиот договор е доказ за решавање на спорови кои изгледале нерешливи.