Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата каде се сретна со претседателката и членовите на антикорупциската комисија.
Во фокусот на денешната средба беа препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, кој е на тема „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.
На состанокот се дискутираше и за потребата на зајакнување на антикорупциските политики и потребата од евентуална измена на законите во областа како што се Законот за заштита на укажувачи, Изборниот законик, а се дискутираше и околу потребата за носење закон за потекло на имот.
Воедно, на средбата се дискутираше и околу можностите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата за поефикасна превенција и борба против корупцијата.