Тим за пребарување и спасување од урнатини составен од 35 припадници на силите за заштита и спасување со комплетна опрема замина во Албанија со цел поддршка во справувањето со последиците од силниот земјотрес, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.
Исто така, Владата на денешната седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Албанија.
Најмалку 20 лица загинаа, а над 600 се повреднеиот во силниот змејотрес којшто утринава ја погоди Албанија. Во текот на денот, регионот беше погоден од неколку послаби земјотреси.