Лекот Спинраза од вчера е достапен за пациентите со спинална мускулна атрофија. Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово на прес-конференција информираше дека во текот на вчерашниот ден за првпат во нашата земја е даден овој лек.
-Во текот на вчерашниот ден за првпат во нашата земја беше даден лекот Спинраза. Станува збор за најнов лек кој се користи за третман на децата и возрасните пациенти коишто боледуваат од спинална мускулна атрофија. Тоа е најсовремена терапија што се дава во најразвиените земји во светот. Останатите 6 деца со соодветен распоред ќе ја добијат терапијата со Спинраза – потенцираше министерот Филипче.
Во земјава се регистрирани 7 пациенти во детска возраст (до 18 години), и тоа СМА тип 2 и 3.