– Американскиот Сенат се подготвува набргу да го ратификува протоколот за членство на Макдеонија во НАТО, иако имаше уште еден драматичен обид од странa на Русија тоа да се спречи – изјавил Хедер Кони, директор за Европа во Центарот за стратегиски и меѓународни студии.
Изјавата Конли ја даде за време на денешното сослушување пред Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на кое се дискутираше за злонамерното влијание на Русија и вмешаноста на Кремљ во западните демократски процеси, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Пред комитетот се укажа дека руското влијание на Балканот, посебно во Црна Гора, е мошне големо.
-Во Црна Гора тоа е посебно изразено преку економски мерки со инвестиции во недвижнини и туризмот, затоа е мошне важно за Северноатлантсата алијанса и НАТО да им пружаат поддршка на земјите како Црна Гора и Македонија – изјави Конли.
Таа додаде дека е едно од клучните оружја на руското влијание во Црна Гора е Српската православна црква која „продолжува да игра клучна улога со обликување на сознанието на Црногорците и за тоа каква иднина тие гледаат за себе“.
Укажа дека иако земјата сега е дел од НАТО, останува уште многу работа во однос на другите земји што изразија подготвеност да се интегрираат со Западот.
-Неуспешниот обид за државен удар подготвен од оперативци на руското воено разузнавање (ГРУ) во октомври 2016 година за да се запре членството на Црна Гора во НАТО, ја покажува спремноста на Кремљ да преземе секакави акции за да се запре напредокот на овие земји.
Таа посочи дека Сенатот сега се подготвува да го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО „иако имаше уште еден драматичен обид од страна на Русија тоа да се спречи“.