Државата денеска ја емитуваше седумнаесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 5 милиони евра, соопшти Министерството за финансии.
Со 17-та емисија на обврзниците за денационализација опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1.2.2017 година до 31.1.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници.
Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.
Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост, соопштуваат од МФ.