Во пожар во куќа во Велес, попладнето настрадаа три дечиња на возраст од една до пет години, јавуваат локалните допасници од овој град.
Kуќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен и најверојатно се работи за дивоградба. Се работи за социјално загрозено семејство кое во импровизираното живеалиште престојува околу 2 години.
Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата во која избил пожарот. Децата биле сами дома за време на трагедијата.
Како што информира за МИА Љубчо Лепидовски командир на Територијалната противпожарна единица од Велес
– Пожарот е пријавен од граѓани кај нас во 16:05 минути. Ние отидовме со противпожарното возило џип, а пожарот беше во трошната куќа која е на непристапен терен во шума во високиот дел од градот за последните куќи. Стасавме заедно со родителите кои биле да пазарат во продавница, а ги оставиле децата сами дома. Кровот беше паднат и ние гаснавеме заедно со нас беше и таткото. А кога изгаснавме мислевме дека децата избегале, но за жал најдовме склупчени во едно ќоше прво ги најдовме целосно задушени од огнот и изгорени – двете девојчиња на две и четири години, а потоа малку понатаму и најмалото едногодишно девојче. Глетката беше страотно. Во куќата немаше ни вода ни струја. Во куќата имаше многу пластични шишиња кои ги собирало семејството, а кое било социјално загрозено- појасни Лепидовски за МИА.
На местото на настанот излезе на увид јавен обвинител и екипа на СВР Велес кои работеа на откривање на причината на пожарот.
Полицијата врши истрага за причината на пожарот и за оваа семејна трагедија која ги потресе граѓаните на Велес.