Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 4 јуни 2019 година (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.