Бугарската министерка за надворешни работи ја обвини Македонија дека не го почитува Договорот за добрососедство.
Според Екатерина Захариева, антимакедонскиот однос и националната реторика не се дел од предизборното милје во земјата. Таа ги отфрла критиките дека со блокадата на Македонија во преговорите со ЕУ му помагала на Кремљ, тврдејќи дека Русија не била против влегувањето на балканските земји во Унијата, како што била против членството во НАТО.
– Ова е голема разлика меѓу овде и таму. Таму можете да победите на избори со антибугарска реторика. Во Бугарија може да има одобрување на нашата позиција, но тоа не значи дека само поради оваа причина некој може да победи на избори. Во Бугарија, фала му на бога, изборите не се добиваат со спротивставување кон соседите. – вели Захариева.