Премиерот Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина во нашата земја Драган Јаќимовиќ.
Aмбасадорот Јаќимовиќ, во име на Амбасадата на Босна и Херцеговина на премиерот Заев му врачи благодарница за финансиската поддршката што Владата на Република Северна Македонија ја даде на двата града Козарска Дубица и Костајница, во Република Српска, Босна и Херцеговина, кои неодамна беа силно погодени од бројните земјотреси.
На средбата заеднички било констатирано дека односите меѓу двете земји се одлични, и дека меѓусебната поддршка и солидарност се симбол на големото пријателство помеѓу двете држави.
Била изразена подготвеност за унапредување на економската и билатералната соработката меѓу двете држави.