Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на покана на австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
На конференцијата, Заев информираше дека во, како што кажа, македонско-бугарскиот пријателски дијалог, е направен голем европски исчекор и изрази силно уверување дека низ овој процес, наскоро, Западен Балкан на Европа ќе ѝ донесе нова позитивна вест.
Изјавата на македонскиот премиер следува по неговата посета на Софија каде што според бугарските медиуми делегацијата на Заев пристигнала со конкретен предлог. Се појавија неколку шпекулации во бугаските медиуми, а меѓу нив е и информaцијата на бугарскиот весникот „24 часа“ кој се повикува на бугарските владини извори. Според „24 часа“ Заев предложил пет варијанти за компромис, кои треба да влезат во политичката декларација. Меѓу нив имало и формулација за јазичниот спор, која гласела дека Бугарите и Македонците говорат истовремено на ист јазик, но и на различни, кои се светски признати одделно. Се предвидувала и декларација дека двата народа се братски.