Премиерот Зоран Заев најави дека денска ќе се одржи нова средба за иднината на специјалното јавно обвинителство. Тој очекува напредок и да биде постигнат договор со опозицијата.
-Ме извести министерката дека се слушнала со лидерот на преговарчаката група од најголемата опозициска партија- рече Заев и додаде дека денеска веќе ќе има средба.
Тој рече дека има надеж за договор за Законот за јавното обвинителство, кој се однесува и на иднината на СЈО.
-Според мене, има исчекор и надеж дека двете страни ќе постигнат договор бидејќи броени се деновите до затворање на извештајот на ЕК- рече Заев.
Последниот предлог на Министерството за правда предвидуваше државниот јавен обвинител заедно со уште двајца обвинители од ЈОРСМ да одлучуваат за иднината на истрагите, дали да ги води СЈО или Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија. Според предложениот закон, бомбите заминуваат во историјата, а неизвесна е иднината на отворените истраги за функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.