Министерот за здравство Венко Филипче од Владата ќе побара забраната за одржување јавни собири како превенција од коронавирус да се продолжи за уште една недела, односно до 13 март. Епидемиолозите утрово од него побарале продолжување на рокот поради се поголемиот број заболени во Европа и во регионот.
– Оваа мерка е поради контируираното зголемување на бројот на заразени. Бројот на заболени во регионот Европа денес е 4250, 1000 повеќе од вчера. Во нашиот регион нови случаи има во Словенија, еден, и во Република Српска двајца. Поради тоа оваа мерка треба да продолжи, а постојано ја следиме состојбата и за поригорозни мерки – рече министерот Филипче.
По засилувањето на мерките против коронавирус во Италија, министерот Филипче добил известување од нашиот конзул во Италија дека има најави за наши државјани кои работат во Италија дека сакаат да се вратат дома. Министерот вели дека е во постојан контакт со конзулот за да имаат увид во поголемите групи кои би пристигнале од Италија.