На традиционалниот фестивал „One Love Tour”, кој се одржа денеска во Струмица, присуствуваа заменик министерот за надворешни работи на Македонија, Андреј Жерновски, а во име на Република Бугарија, заменикот премиер и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Фестивалот „One Love Tour“, на кој заднички настапуваат македонски и бугарски музички ѕвезди, се одржува трета година по ред. На настанот што е поддржан од УНЕСКО беа преставени и традициите на двете земји како разновидност на македонското и бугарското културно наследство.
За време на посетата на Жерновски на Струмица, заедно со Захариева и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, се отвори мултифункционалниот социјален центар, кој е реконструиран и опремен со бугарска донација од 270.000 лева. Мултифункционалниот социјален центар ќе им служи на сите ранливи групи граѓани, како и за програмски активности и проекти за побрза и полесна интеграција во општеството и социјално вклучување на целните групи.
Со ваквите проекти се потврдува дека на негувањето на добрососедските односи со Република Бугарија, како и на интензивирањето на долгогодишната соработка во сите области.