На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е посочено дека комисијата ќе контактира со надлежните министерства за да предложи анализа на загоните за регулација во јавниот сектор, за да се утврди дали постои злоупотреба и има влијанија врз процесите на вработување во администрцијата, при што потоа ќе ги извести Владата и Собранието.
Од ДКСК се анализирани 18 случаи за непотизам при вработување, а откриено е дека во државните и јавните институции се вработувани роднини на повеќе пратеници и функционери.
Како што е кажано на седницата, се појавуваат низа случаи за кои постојат сериозни сомнежи за непотизам кои се одвивале на ист начин – институциите не доставувале записници за интервјуа, нема податоци за бодирање на кандидатите, нема причини зошто останатите кандидати се одбиени и зошто е избран токму роднина на висок функционер.
Дополнително, утвредно е дека кај шест од вработувањата на блиски роднини на функционери имало измени на актите за вработување и тие не одговарале на систематизацијата, туку критериумите во огласот биле местени за кандидатот што требало да биде вработен.