Очигледно дека само податоците од Собранието се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Ова следи откако вчера од Собранието ги отфрлија како невистинити наводите на антикорупционерите дека износот на апанажата на оние на кои им завршил пратеничкиот мандат изнесува околу 100 илјади денари.
Од ДКСК денеска наведуваат дека споменатата Анализа била направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието. Како што додаваат, нивното барање за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието било испратено и до повеќе од 100 институции.