Фото: Игор Бансколиев

Во Собранието денеска ќе биде организирана работна средба во рамки на тековните активности на Државниот завод за статистика (ДЗС) за успешно спроведување на претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите. На средбата се поканети сите градоначалници на општините во Македонија.

Нејзина цел претставуваат информирањето и координацијата со локалната самоуправа со цел пописот да се организира непречено.

Најавено е дека на состанокот ќе присуствуваат претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски

Собранието го изгласа Законот за попис, кој потоа беше потпишан од претседателот Пендаровски.