Член од Тимот за спасување на планина на Црвениот крст маскиран во Дедо Мраз, денеска ќе се спушта по јаже и ќе дели подароци на сите децата хоспитализирани на Клиниката за детски болести и на Клиниката за онкологија.
– Во пресрет на новогодишните празници, Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар денеска на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, ќе организираат показна вежба. Член од Тимот за спасување на планина, маскиран во Дедо Мраз, ќе се спушта по јаже и ќе дели подароци на сите децата хоспитализирани во двете клиники, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.
Вежбата се реализира во соработка со Општина Центар и Бугарската амбасада во РМ.