Два последователни земјотреса почувствувани се попладнево во околината на Маврово. Првиот потрес бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала и со епицентар на 15 километри северозападно од Гостивар, а вториот бил со јачина од два степена, исто така во близина на Мавровското Езеро.