Со цел зачувување и унапредување на мајчиниот јазик, поточно одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на тркалезна маса истакна дека поддршката за употребата на мајчините јазици од страна на државата е од особено значење.
– Уставот на земјата, но и Законот за јазици овозможува официјална употреба на централно и локално ниво на некои мајчини јазици и заедно со образовниот процес што се одвива на повеќе јазици е најдобриот показател дека ние како општество имаме преземено чекори напред во зголемувањето на вредноста на мајчините јазици – рече Груби.
Директорот на Агенцијата за остварување на малцинските права во земјава, Еран Куртиш во својот говор на оваа тркалезна маса, рече дека треба почесто да се организираат настани што ги обединуваат заедниците меѓу себе.
Заменик-министерот за политички систем, Илхан Рахман истакна дека Македонија може да се смета за пример во однос на законските можности за употреба на мајчините јазици.
Директорот на Управата за образование, Милутин Станчиќ во својот порача рече дека на промовирањето на повеќејазичноста и нејзиното вклучување во образованието и општеството треба да им се посвети посебно внимание, така што за децата нивниот мајчин јазик да е секогаш предност.