Фото: Игор Бансколиев

До првиот македонски дневен весник вчера пристигнаа голем број честитки, по повод 74-годишнината од излегување на првиот број на весникот, за што на сите искрено им благодариме.Вообичаено како што и прилега за ваквиот јубилеј, својот утрински колегиум вработените во Редакцијата го почнаа со роденденска торта, која имаше чест да ја пресече главниот и одговорен уредник Александар Димковски.