Во црквата „Св. Никола Геракомија“ во Охрид со помал број верници, поради протоколите за заштита од коронавирусот, беше продолжена охридската традиција. Наместо во езерото, чесниот крст беше положен во дворот на црквата, а го фати Никола Чорбески – Чорбе.
Фаќачот на крстот и присутните верници, потоа се искапија за здравје во студените езерски води во месноста Сараиште, каде беше положена осветената вода.
Настанот се одвиваше под силно полициско обезбедување.