На територијата на Македонија има повеќе спомен-обележја посветени на народноослободителната борба на Македонскиот народ во периодот 1941-1945 година. Во овие спомен-облежја може да се набројат меморијалните комплекси, спомениците на НОБ, како и спомениците посветени на народните херои и истакнатите дејци во борбата за создавање на македонската држава. Меѓу нив е и Споменикот „Ослободители на Скопје“ кој се наоѓа пред македонската влада.
Споменикот „Ослободители на Скопје“
Споменикот е посветен на македонските војници и партизани кои на 13 ноември 1944 година го ослободија Скопје, идната македонска престолнина, од германските и албанските вооружени сили. Споменикот беше свечено поставен во 1955 година, а негов автор е вајарот Иван Мирковиќ.
Споменикот се состои од седум брозени скулптури кои се поставени во борбена положба. Меѓу нив се борецот кој се наоѓа на чело и со пушка во рака ги охрабрува борците на јуриш, жена во одлучен став со пушка во раце, вооружено дете, борец кој придржува ранет партизан, а со другата фрла бомба, борец во умирање кој со своите последни сили го држи знамето и младинец кој извлегува оружје од појасот и се спрема за напад.
Спомен-облежјата како симбол на македонската борба за слобода и држава
Спомен-обележјата имаат извонредно значање бидејќи се симбол и вечен потсетник на македонската борба за слобода, човекови правдини и сопствена држава како чувар на македонските национални обележја – јазик, култура, историја итн., во текот на Втората светска војна.
Меѓу нив особено значење има „Могилата на непобедените“ во Прилеп. Таа се наоѓа во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп и беше создадена во 1961 година од страна Богдан Богдановиќ. Могилата е посветена на сите загинати борци во текот на народнооослободителната борба на Македонците.
Осoбено значење има и Спомен костурницата во Кавадарци во која се сместени остатоци на загинатите борци од Кавадарци и жртвите на фашизмот. Во нејзината внатрешност се испишани имињата на загинатите борци и жртвите. Костурницата беше свечено претставена пред јавноста на 7 септември 1977 година, а нејзин творец беше професорот Петар Муличиковски.
Меѓу спомен-облежја има бројни спомениците кои се посветени на народните херои и истакнатите дејци кои учествуваа во НОБ. Особено значење има споменикот посветен на истакнатиот македонски деец Панко Брашнаров кој го отвори Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Св. „Прохор Пчински“ со зборовите: „Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден – Илинден -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.“
Неговиот споменик се наоѓа во Велес, а негов автор е Петар Хаџибошков.