Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбр Адеми, од денес до 19-ти септември, на покана на Владата на Швајцарија, ќе реализираат работна посета во Берн, поврзана со швајцарските искуства за стручно образование и обука.
За време на работната посета, владината делегација ќе оствари средби со Мартина Хирајама, државен секретар за образование, истражувања и иновации и заменик државниот секретар за надворешни работи Кристина Марти Ланг.
Владината делегација ќе има можности да се запознае со швајцарскиот модел на учење преку работа за време на презентации кои ќе бидат извршени од стручни лица во Државниот секретарија за истражувања и иновации во образованието, Швајцарската конференција на кантонски министри за образование и Швајцарското здружение на машински и електротехнички индустрии.