Поминаа повеќе од еден месец откако наставата не се одржува редовно заради ризикот од коронавирус во земјата. Иако Министерството за образование вети многу, досега единствената мерка е онлајн настава, за која не можеме да кажеме дека е успешна, заради економската и техничката невозможност што не секој студент може да го постигне, велат од Алијанса за Албанците.
– На 27 март 2020 година, министерот, на негово барање, ги прими списоците на учениците кои, заради нивната социоекономска состојба, не се во можност да ги следат Онлајн часовите, со цел министерството да им обезбеди електронски алатки за комуникација и настава.
Иако барањето на министерството доби одговор во рок од 24 часа, за жал на учениците сè уште не им се обезбедени ветените алатки и голем број од нив сè уште не следеле ниту еден час од онлајн наставата!
Алијансата за Албанците бара итно решение за случајот, бидејќи не е време за празни ветувања на ДУИ, чија практика не престанува дури и за време на вонредна ситуација!
Пред да се преземат мерки, треба да се направи анализа за тоа колку се применливи во пракса и колку реално тие мерки донесуваат резултати. Студентите треба да бидат третирани исти и итно треба да се обезбедат електронски алатки за сите, доколку министерството не е во можност да го постигне тоа што го вети, треба да започне да размислува за нови мерки“ велат од партијата.