Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно.
За ова информираше министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи.
– Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21 јануари работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот – соопшти Филипче.
Тој најави и дека следната недела, по анализирање на епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.