Тетово е најазагаден град во државата утринава, според податоците од државните мерни станици кои покажуваат 138 микрограм на метар кубен ПМ10 честички.
Слична беше состојбата и синоќа во 21 часот кога преку мерните станици за следење на квалитетот на воздухот на апликацијата „Мој воздух“, беше забележана екстремно висока концентрација од 801 микрограм на метар кубен ПМ10 честички.
Концентрацијата на штетни материи во воздухот е 16 пати повисока од дозволените 50 микрограми на метар кубен.